Европската унија и нејзините партнери ќе направат се што можат за да им помогнат на земјите кои сега се домаќини на голем број Украинци кои бегаат од војната, особено малата Молдавија.
Шефот на германската дипломатија вели дека Европа мора да внимава на напорите на Русија да го дестабилизира Западен Балкан во услови на војна во Украина, објави Асошиетед прес.
Министерката за надворешни работи Аналена Бурбок изјави за новинарите во Берлин во четвртокот дека таквите потези и претходеле на воената акција на Русија во Украина, иако Москва продолжи да негира дека подготвувала напад.
Бурбок рече дека Европската унија и нејзините партнери ќе сторат се што можат за да им помогнат на земјите кои сега се домаќини на голем број Украинци кои бегаат од војната, особено малата Молдавија, која до сега е домаќин на најголемиот број бегалци по глава на жител.
Германија го организира првиот директен лет за да донесе бегалци од Молдавија во Франкфурт во петок, а ќе следат уште, рече таа.