КРАЈ НА ВОЈНАТА НА ПОВИДОК? Ердоган испраќа свој човек во Москва и Киев, пратеникот има ПОСЕБНА ЗАДАЧА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека во среда и четврток ќе го испрати министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Москва и Киев, како дел од посредничките напори на Анкара да обезбеди прекин на огнот во Украина.

Тоа го изјави Ердоган за време на обраќањето на турските медиуми по тричасовниот состанок на владата, пренесува Ројтерс.

Чавушоглу денеска изјави дека во моментов се водат разговори и со Москва и со Киев, со цел да се евакуираат 100 турски граѓани од опколениот украински град Мариупол.

Чавушоглу рече дека Турција досега евакуирала 14.800 свои граѓани од Украина, според Ројтерс.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа