БЕЛАТА КУЌА ОБЈАВИ: Потврдено дека Бајден доаѓа во вонредна посета на Европа – еве каде ќе се сретнат со Путин

Министрите за одбрана ќе се сретнат утре во седиштето на НАТО во Брисел за да разговараат за зајакнувањето на присуството на трупите и опремата на НАТО во источниот дел на Алијансата, вклучително и зајакнувањето на воздушната и ракетната одбрана.

Белата куќа потврди дека Џо Бајден доаѓа во посета на Европа на крајот на март, со цел да присуствува на вонредниот самит на НАТО.

За потсетување, лидерите на НАТО ќе се сретнат во Брисел на 24 март за да разговараат за рускиот напад врз Украина, најави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Свикав вонреден самит за 24 март во седиштето на НАТО – напиша Столтенберг на Твитер.

Тој додаде дека темите ќе бидат нападот на Русија врз Украина, силната поддршка за таа земја, како и натамошното зајакнување на Алијансата.

„Во ова критично време, Северна Америка и Европа мора да продолжат да бидат заедно“, напиша Столтенберг.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа