Откако Мицко ги прегази на избори и им ги заврши кариерит пред време Заев и Филипче ќе формираат политичка партија?

Подолго време го немаше во јавноста, а потоа одеднаш се појави на Форум за Дипломатија кој се одржуваше во Турција. Заедно со екс министерот за Здравство Венко Филипче, поранешниот премиер Зоран Заев на покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше дел од Форумот за дипломатија кој викендов се одржува во Анталија.

Во рамките форумот, Заев имаше средби со мандаторот за состав на нова Влада во Црна Гора, Дритан Абазовиќ, потоа со Столтенберг, па со бугарскиот премиер Петков, турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу.

„Особено ме радува што имав прилика да ги сретнам моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други. Пренесувам дома пораки на поддршка од нашите пријатели од Европа и пошироко, кон сите македонски граѓани, кон Претседателот на државата Пендаровски, кон претседателот на Собранието Џафери, кон пратениците од Парламентот и кон нашиот премиер Ковачевски“, истакна Зоран Заев.

ТВ21 од извори од кабинетот на поранешниот премиер, дознава дека Заев не планира да се повлече од јавноста. Според нашите информации, тој работи на формирање на фондација „Едно општество за сите“. А, токму присуството на Форумот за дипломатија во Турција на некој начин ги потврдува овие информации, каде е искористена можноста за меѓународна промоција на ваквата идеја, но и опипување на меѓународниот импулс по ова прашање.

Освен Заев, ТВ21 дознава дека во тимот е поранешниот министер за здравство Фенко Филипче, потоа истакнати интелектуалци, професори, бизнисмени, поранешни министри, луѓе од невладиниот сектор, поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе од сите етнички заедници во Македонија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа