Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексеј Данилов вели дека балтичките земји се во опасност од Русија.
„Што се однесува до ситуацијата со балтичките држави и Полска, тие се навистина во опасност од Русија. Не сите во Европа се свесни за тоа. Однесувањето на некои земји, како на пример Германија, е малку чудно со оглед на тоа што се случува во Европа во 21 век…“, рече тој, а пренесуваат украинските медиуми.
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана истакна дека Русија нема да запре.