(Видео) Арсовска: Знаете ли колку проблеми оставиа СДСМ и Шилегов не можам да престигнам од решавање на сите матни зделки? Ништо не е застанато, ќе се изградар и мостовите – Граѓаните ќе одлучуваат за генералниот урбанистички план

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостување во емисијата Вин Вин на ТВ Телма, соопшти дека изградбата на мостот кој треба да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба не е прекината, напротив проектот тече според предвидената динамија.

Арсовска истакна дека се уште постојат голем број на нерешени имотно-правни прашања кои ги оставило претходното раководство на градот.

“Ги решавале проблемите секој ден еве веќе трети месец. Мостот се гради со динамика со која било определено да заврши. Тој се финишира и ќе се финишира на 1 април.

Проблемите од другата страна ги решаваме и ќе ги решиме и ќе ги завршиме.

Треба да заврши поврзувањето кадешто беше нечија дневна соба, сега го решаваме делот на поврзувањето со кој се овозможува проток од едната страна. Има 170 нерешени имотно-правни односи. Ние решивме еден дел, сега ќе следуваат решавање и на други.

Јас не верувам дека луѓето треба да се бркаат од нивните домови.

Со генералниот урбанистички план динамиката е забрзана, малку било завршено досега, веројатно заради изборите. Порано требало да се отпочне постапката, 2 до 3 години. Планот ќе биде претставен пред граѓаните за да имаат тие увид во се она што ќе се направи.

Ништо нема да се превземе додека граѓаните не одлучат дека тоа е најдобро за нив.” – вели Арсовска.

Линк од емисијата: https://www.facebook.com/TVTelma/videos/714533683288415

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа