(Видео) САД имаат 336 вакви лабаратории ширум светот: Се огласи и Кина бара разјаснување на милитаризираните билошки активности на САД во Украина!
Кина ги повика САД да ги разјаснат нивните биолошки милитаризирани активности и дома и во странство и да прифатат мултилатерална верификација, изјави во вторникот портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан, откако тајните биолаборатории во Украина, управувани од САД предизвикаа низа шпекулации.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан беше домаќин на редовна прес-конференција на 8 март.
На новинарското прашање: Неодамна, американската биолошка лабораторија во Украина привлече големо внимание. Се наведува дека американската амбасада во Украина итно ги избришала информациите поврзани со лабораторијата. Кој е коментарот на Кина?
Жао Лиџијан вели: Забележав релевантни извештаи/
Неодамна, американската биолошка лабораторија во Украина навистина привлече големо внимание од сите страни.
Објектите, наводно, складираат големи количини на опасни вируси, а Русија, исто така, за време на воените операции открила дека САД ги користат овие капацитети за биовоени програми.
Според податоците објавени од самите Соединети Американски Држави, САД имаат 26 биолошки лаборатории во Украина.
Опасни вируси се чуваат и во Узбекиста, сите истражувачки активности се предводени од САД, а ниедна информација не може да се открие без дозвола од САД.
Според сегашната ситуација, ги повикуваме сите засегнати страни да ја осигураат безбедноста на овие лаборатории, почнувајќи од здравјето и безбедноста на луѓето во Украина и околните области и ширум светот.
Конкретно, САД, како страна која најдобро ги познава овие лаборатории, треба што поскоро да ги објават релевантните детали, вклучително и кои вируси се складирани и кои истражувања се направени.
Биовоената активност на САД во Украина е само врвот на ледениот брег.
Министерството за одбрана на САД контролира 336 биолошки лаборатории во 30 земји во светот под премиса за „соработка за намалување на ризиците за биосигурност“ и „зајакнување на глобалното јавно здравје“.
Да, 336, добро слушнавте.
Соединетите Американски Држави спроведуваат голем број биовоени активности во базата Форт Детрик во своите граници.
Која е вистинската намера на Америка?
Што точно прават?
Меѓународната заедница отсекогаш имала сомнежи.
Соединетите Држави отсекогаш биле таинствени, па дури овие покренати прашања на меѓународната заедница ги посочија „ширење лажни информации“.
Не само тоа, САД веќе 20 години исклучиво го попречуваат воспоставувањето на механизмот за верификација на воено биолошките спопсобности, одбивајќи да ја прифатат верификацијата на нивните биолошки капацитети дома и во странство, што дополнително ја влошува загриженоста на меѓународната заедница.
Уште еднаш ја повикуваме американската страна да даде сеопфатни појаснувања за нејзините домашни и странски активности за биолошка милитаризација и да прифати мултилатерална верификација.