Талат Џафери, со значка УЧК на градите, присуствуваше на воена парада во Косово и им изрази поддршка за влез во НАТ
Спикерот на македонското Собрание Талат Џафери беше почесен гостин на парадата на косовските вооружени сили на годишницата од битката кај Преказ. Во ова косовско село, во 1998 година, српските полициски специјалци го нападнаа албанскиот командант Адем Јашари во неговата куќа, откако Јашари нападнал полициска патрола. Во битката што се разви, биле убиени 60-ина членови на семејството Јашари, што служеше како силен поттик за мобилизирање на герилската армија УЧК.
Џафери, кој во 2001 година дезертираше од македонската армија за да стане командант на Ослободителната национална армија, на настанот присуствувал со значка УЧК. По парадата на косовските војници, Џафери им изразил поддршка на властите на Косово за нивниот прием во НАТО. Косово инсистира да биде примено во НАТО што е можно поскоро, повикувајќи се на опасноста од Русија по Балканот.