И „Идризово“ стана небезбедно, Управата вторпат одби интервју со Боки 13 за да не пропее за Заев?

И затворот „Идрозово“ стана небезбеден откако „А1он“ по вторпат достави барање за интервју со осудениот Бојан Јовановски- Боки 13, објавува порталот.

Управата за извршување санкции и директорот Марјан Спасовски, останаа на ставот да не дозволат Јовановски да се појави пред камерите на „А1он“ и да биде полиграфски тестиран, иако, законот го дозволува тоа. Па така, по скоро месец дена размислување, Управата одново се повика на единствениот член кој е можност да се одбие вакво барање и додава „не се одобрува поради безбедносни причини, кои причини не се однесуваат само на ова осудено лице, туку и на целокупната безбедносна ситуација во Казнено-поправната институција КДП Идризово“.

Како и претходниот пат, така и сега, нема објаснување кој ја направил безбедносната проценка, во кој период, како и под кој архивски број во која институција е заведена, но и што стои во неа. Од А1 он прашале и за кого е небезбедно во затворот „Идризово“ и што се случува внатре за оваа казнено-поправна институција да е небезбедна. И по десет дена – молк од Управата за извршување санкции.

-Сомнеж дека одбиеното барање од страна на директорот на Управата, Спасовски, не е поради безбедносната состојба туку поради други причини е и тоа што, затворот „Идризово“ секојдневно го посетуваат семејства на осудени, невладини здруженија, адвокати. Па така, нејасно е, како за нив е безбедно да влегуваат внатре,
а за екипата на „А1он“ е небезбедно. Воедно ако безбедносна е осудениот Јовановски, нејасно е како тој постојано е носен на судења и контактира со други лица во судот, стои во текстот на порталот.

Целиот текст може да го почитате ТУКА.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа