Постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови. Можеби Европскиот суд е искористен во овој случај како алатка за одолговлекување на постапките, но сепак владеење на правото е неприкосновен принцип.
Исклучително важно е да има спроведена правда која граѓаните ја очекуваат, а која ќе се нотира позитивно во извештаите на Европската Комисија во делот почитување на владеење на правото во Северна Македонија.