Со други зборови

Јонуз: Македонија е само она што сака меѓународниот фактор таа да биде, нити знаеме, нити сакаме да направиме држава

Македонија нема своја политика. Да имаше, многу нешта ке беа поинакви. И на внатрешен, и на надворешен план. Македонија е само она што сака меѓународниот фактор таа да биде. За тоа има повеќе причини, но главната е таа што Македонија покажа дека не знае сама да се организира како прво, а како второ и она малку здрав разум што го има внатре не сака да се здружи и да прави држава. Тоа е комплекс на малите народи. Да мисли дека е голем се додека некој од страна не му каже да не јаде многу мушмули, него да слуша. Да беше Македонија земја во која живее здрав народ што има дигнитет и став, ова ќе беше многу по домаќинска куќа во која живее задоволен народ. Кој е задоволен во Македонија? Никој! Како се маскира ‘‘летањето во место‘‘ на македонската политичка сцена? Многу едноставно. Ние ни ‘‘ Е‘‘ од Европа нема да видиме уште долго. Арно ама, филмот дека ‘‘ се утепавме од борба‘‘ држи на јавната сцена многу актуелни ликови кои ниту самите не веруваат во тоа што го прават. Тоа им е фантастична маска за да го оправдаат своето присуство на врвот во политиката. Сето тоа помогнато со медиумите држи амбиент во народот дека цело време некој ни прави неправда и намерно работи против нас, додека ние сите погинавме за влез во таа Европа. Единствениот европски стандард што Македонија го има е загаденоста на воздухот. Кога би се мереле стандардите ние не би биле примени ниту во Јужна Африка, пишува Агим Јонуз во колумна за коха.мк.

Оваа држава постои за прв пат во историјата. Колку и да се лутат македонците, таа никогаш како држава не постоела. Нема традиција. Нема историја на демократија. Нема дел од историјата кој потврдува дека таа функционирала на некаков начин. Некој ке рече да, постоела во време на Југославија, ама не била држава, туку милениче на останатите кои ја чувале безбедна како фетус во утроба на мајка. Некој друг мислел на неа. Не таа самата.Била дел од еден систем. Трагедијата на македонската политичка сцена е во тоа што таа во најголем дел во себе носи чиста импровизација за дневна политика. Комбинаторики кои треба да оправдаат постоење на непотребни па дури и штетни политики од одредени партии. Сите се вадат на тоа дека тоа е демократија, ама и демократијата има граници, Реално, на население од неполни два милиона жители, не и се потребни повеќе од неколку партии. А во Македонија не можеш да ги изброиш колку се. Население колку што брои Македонија го управува еден градоначалник на општина Аксарај во Истанбул. И тоа без парламент и разни институции.

You might also like