Фотографот кој ги направи последните СЛИКИ на кралицата: Ја видов 2 дена пред нејзината смрт и ми кажа…
Џејн Барлоу сподели дека Елизабета Втора изгледала многу покревко од порано, но од друга страна секогаш била насмеана
Фоторепортерот на PA Џејн Барлоу беше една од последните луѓе што ја виде кралицата Елизабета Втора непосредно пред нејзината смрт, која беше објавена околу 20:30 часот во четвртокот .
Токму Барлоу ги направи последните фотографии на британската кралица . Тие беа од нејзината средба со новиот британски премиер Лиз Трус на нивната средба, која се одржа во замокот Балмора во Шкотска, каде што кралицата почина два дена подоцна.
Сега Барлоу се сети кои биле последните часови и зборови на Елизабета II .
„ Кралицата изгледаше изнемоштено, но добро расположена “, се сеќава фоторепортерот кој ги направи фотографиите во вторникот.
Токму додека Џејн и кралицата го чекаа пристигнувањето на лидерот на конзервативците, беа направени последните фотографии од Елизабета Втора.
За тоа време фоторепортерот и монархот зборуваа за времето и темните облаци и обилниот дожд над Балморал.