Со други зборови

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА РУСИЈА НА 4 НОЕМВРИ Турчак: „Луѓето во украинскиот регион под наша контрола ќе гласаат на Денот на националното единство“

Генералниот секретар на руската владејачка партија Единствена Русија, Андреј Турчак, изјави денеска дека луѓето во регионите во Украина под контрола на Русија треба да гласаат на 4 ноември дали сакаат да станат дел од Русија.

Андреј Турчак

Турчак, од партијата Единствена Русија на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека би било правилно и симболично гласањето да се одржи на тој датум, кој инаку е руски национален празник кој се слави како Ден на национално единство, објави Ројтерс.

You might also like