Нуклеарка на Левица: Ова ли е причината за суспензијата на Русковска? Спасовски инволвиран во истрагата со БЕСА транс во која имаше 46 жртви?
ВЛАСТА ЈА САБОТИРА РАЗРЕШНИЦАТА СО „БЕСА ТРАНС” ВО КОЈА Е ИНВОЛВИРАН МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ
За разрешницата за трагедијата со 46 жртви со автобусот на „Беса Транс”, обвинителката Вилма Русковска најави дека се обезбедени писмени докази и деновиве требаше да се започне со сослушување на сведоци.
Цели три месеци Спасовски одбива да го потпише предлог-решението, што резултира со ужасната трагедија во која животот го губат 46 патници.
Се поставува прашањето, доколку се обезбедни писмени докази за овој случај, зошто не е побаран притвор за министерот Спасовски, поради опасност да го повтори делото и да влијае врз други сведоци?
Дополнително, дали Спасовски ќе биде повикан на сослушување за овој случај како осомничен или како сведок?
Криминалот на владејачките министри и раководители кои одлучуваат да држат предмети во фиока, народот го надоместува со изгубени животи и трагедии, кои можеби би биле превенирани, доколку инситуциите ажурно и законски постапувале.