ПОЧНУВА ГЕНЕРАЛНО ПОВЛЕКУВАЊЕ?! Украина ќе евакуира 220.000 луѓе од околу 350.000, меѓу кои 52.000 деца од Донбас!
Украина има за цел да евакуира две третини од населението пред зимата од областа што ја контролира во источниот регион Доњецк каде се водат борби, меѓу другото, поради загриженост дека луѓето нема да можат да обезбедат греење поради инфраструктурата оштетена од војната. , изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
Таа изјави дека украинската влада планира да евакуира околу 220.000 луѓе од околу 350.000, вклучувајќи 52.000 деца , пренесува Ројтерс. На крајот на минатиот месец Украина најави задолжителна евакуација на луѓето од регионот на Доњецк, каде што се водеа борби со руските сили, со цел да се спасат животите на цивилите.