– Посетата на нашата делегација на Тајван оддава почит на непоколебливата посветеност на Америка за поддршка на тајванската демократија. Нашите разговори со раководството на Тајван ја потврдуваат нашата поддршка за нашиот партнер и ги промовираат нашите заеднички интереси, вклучувајќи го и унапредувањето на слободен и отворен индо-пацифички регион – напиша Ненси Пелоси.
Пелоси, инаку, е највисокиот американски функционер што го посетил островот за кој кинеските претендираа во последните 25 години.