Со други зборови

ЧУВАШЕ ЏИНОВСКА ЗМИЈА КАКО МИЛЕНИК И ТАА ГО УГУШИ Ѕверот беше завиткан околу вратот на човекот, полицијата мораше да го еутанизира

Змија од 5 метри која маж од Пенсилванија ја чувал како домашно милениче го убила својот сопственик.

Нападот се случил за време на викендот, а Елиот Сенсеман (27) се борел за живот неколку дена, а починал во понеделникот, пренесува NBC News .

Боа констриктор или змија слична на него, го завиткала своето тело „околу вратот на господинот Сенсеман, предизвикувајќи аноксична повреда на мозокот“ и „целосен недостаток на кислород во мозокот“, се вели во изјавата на судскиот лекар.

Кога пристигнале полицајците, змијата давела човек кој лежел на подот без свест.

Змијата била голема, а еден полицаец успеал да ја застрела змијата во глава без да го повреди човекот што ја давел, се вели во соопштението.

You might also like