Related Posts
РЕЖИЈА НА ДУИ: СПАСОВСКИ ДА ОДГОВОРИ КОЛКУ ОД ПИШТОЛЏИИТЕ КАЈ МАВРОВКА СЕ ВО ПРИТВОР
Според свиркач од МВР, Левица дознава дека инцидентот кај плоштадот Скендербег, го организирале структури на државните служби за безбедност, под директива на пробугарската власт на СДС и ДУИ.
Првата група, го каменува првиот ред кафулиња во чаршијата гледајќи од плоштадот Скендербег, како и хотелот „Де Кока“ заедно со паркираните автомобили на паркингот. Втората, од платформата над подвозникот, ги гаѓа демонстрантите кои излегуваат од под подвозникот во поворка. Двете групи исчезнуваат од другата страна на мостот кај некогашната стоковна куќа “Илинден”, во координација со полицијата.
Сопственикот на хотелот, кој на плоштадот излезе со пиштол пред демонстрантите, заедно со рутата на движење на поворката, службите подробно го оцениле како емотовно нерегулирана личност, која има историјат на посегнување по полу-автоматско оружје и репутација за носење на оружјето постојано со себе.
Криминогената коалиција на СДС и ДУИ, како и паралелната државна структура која ДУИ ја гради, е спремна да ги искористи сите методи за да остане на власт, вклучително и сценирање на инциденти кои можат да доведат до сериозни меѓуетнички тензии.
Ве повикуваме вечер уште помасовно, и покрај сите репресии на хибридниот режим, во 19 часот да излеземе пред Влада – се’ до падот на квинслишката пробугарска влада!

Menka Grasarovska, Vladimir Blazevski and 1.2K others
49 Comments
189 Shares
Like
Comment
Share