Со други зборови

Се трага по пет државјани на Бангладеш: Работеле во Тетово и Челопек, па си заминале

t

На 16.05.2026 во 12:20 часот во Полициската станица Тетово, Б.Р. од село Доброште пријави дека три лица- државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. А.С., А.М. и С.П. биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој. Според пријавителот, истиот ден кога отишол да ги земе за да ги превезе до работните места, видел дека тие си заминале без да ги известат одговорните во фирмата.

You might also like