
Мечка усмртила 10 овци во импровизирана штала над тетовското село Камењане, информираат од СВР Тетово.
Според пријавата, на 17 мај околу 14:30 часот во Полициското одделение Камењане, 69-годишниот Ф.Р. од селото пријавил дека дивото животно нападнало во местото викано „Душки“, на патот кон селото Јеловјане.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.