Related Posts
„Со векови окованa во пранги,
под ропство пишти Македонија,
појќе не трпиме бесчесни лаги,
во бој последен борци влегоја
Во борба, во борба, во борба,
македонски народе!
За света народна слобода
со песни и радост се мрее!
Излеговме ни смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистка крв насекаде се лее.
Синови сме на нашта Татковина,
на илинденските наследници,
строиме живот, слобода, иднина,
за жени, деца, старци, младинци“
p.s. На последната седница на Президиумот, партизанската антифашистичка народна песна ‘ВО БОРБА МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ’ беше усвоена за официјална партиска химна на Левица! 
![❤️]()
