Во Херсонската област во тек е интеграција со Русија, а регионот никогаш нема да и се врати на Украина, изјави заменик-шефот на воено-цивилната администрација на Херсонската област, Кирил Стремусов.
– Никогаш нема да се вратиме во составот на Украина, во кој предавниците на Украина, како Зеленски, Порошенко и другите клики, кои ја продадоа нашата земја, имаа моќ над сите можни права – рече тој во видео обраќањето на Телеграма.
