Мислат ова Македонија е? ЦИА преку Dark Web се обидува да контактира со Русите кои се против војната во Украина и да направи Пуч во Русија за соборување на Путин
ЦИА се обидува да контактира со Русите кои се против војната во Украина и понуди безбеден начин да стапи во контакт со агенцијата. Шпионската агенција сака Русите да комуницираат со нив преку веб-страница што ЦИА ја објави на темната мрежа.
„Ние даваме инструкции на руски за тоа како безбедно да контактираат со ЦИА – преку нашата Dark веб-страница или VPN – за оние кои се чувствуваат принудени да контактираат со нас поради неправедната војна на руската влада“, изјави претставник на ЦИА за CBS News.
Според CBS, во 2019 година, ЦИА основала страница на темната мрежа и ја користела за собирање информации од луѓе ширум светот.
ЦИА објави инструкции на руски јазик како да се пристапи на страницата на Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и други социјални мрежи.