Со други зборови

Маркоски: Студентскиот дом „Кочо Рацин“ е подготвен да ги прими студентите и оваа студиска година    

РЕПОРТАЖА] Студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола – пример за добра  соработка меѓу студентите и раководството – Meta.mk

Во пресрет на новиот конкурс за прием и сместување на студенти во Државниот студентски дом во Битола, сакам да ја информирам јавноста дека институцијата е целосно подготвена да ја пречека новата генерација академски граѓани.

Севкупниот капацитет на нашиот дом изнесува 385 легла, од кои 77 легла се наменети за студентите-бруцоши, додека останатите се за студентите од втора до четврта година на студии. Месечната цена за сместување изнесува 6.990 денари, при што државата субвенционира половина од овој износ така што студентите плаќаат 3500 денари. Посебно сакам да нагласам дека студентите од социјално загрозени семејства, семејства со пониски приливи, како и децата на бранители, се целосно ослободени од плаќање на оваа партиципација истакна Љубе Маркоски – Директор на домот.

Во однос на долго најавуванaта капитална реконструкција на домот, сакам да ве информирам дека проектот моментално е во финална административна фаза. Извршени се сите неопходни мерења, сеизмички испитувања на носивоста и целосно се завршени потребните процедури од овој аспект. Очекуваме официјално отпочнување со градежните работи за неколку месеци.

Во меѓувреме, домот функционира со полн капацитет, организиран во 5 павиљони, и е на располагање на студентите. На нашите станари им обезбедуваме два квалитетни оброци дневно – ручек и вечера како, располагаме и со бонска продавница и солидно опремени соби.

Показателите од спроведените анкети на почетокот и на крајот од изминатата студиска година потврдуваат дека сме на вистинскиот пат: добивме високи и позитивни оценки и во делот на сместувањето и исхраната, но особено за професионалниот однос и посветеноста на нашите вработени кон студентите.

Остануваме максимално транспарентни, отворени за соработка со медиумите и посветени на постојано унапредување на студентскиот стандард додаде Маркоски.

You might also like