Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии, вели премиерот Мицкоски и додава дека за еден колективен договор да биде применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии, што, според него, во овој случај недостигало. Нагласува дека доколку сакаме да имаме функционална држава треба да има ред и да се почитуваат законите.
– На владината седница на 31 декември годината кога поминал тој колективен договор немал позитивна согласност од Министерството за финансии. Треба тоа да го знае јавноста и културните работници, кои се манипулирани од мала група гласни луѓе кои се во првите редови. Мора да сме свесни дека за еден колективен договор ќе биде апликативен и применлив, мора да има позитивно мислење од МФ. Овој колективен договор нема, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање пори посетата на општина Ѓорче Петров.
Тој е дециден дека буџетот за културата нема да се крати, но оти треба поголм дел од средствата да одат за проекти и програми.
– Буџетот за културата се зголемува, но, не толку многу за програми и за капитални инвестиции, туку за нивните плати. Овој колективен колективен договор нема позитивно мислење за усвојување. Дури и министерка за финанси кога била на функција кога тој бил усвоен има дадено негативно мислење за овој колективен договор, дека средства во буџетот не се обезбедени, рече премиерот.