Трамп грмеше: „Отворете го проклетиот теснец“! Американскиот претседател му се закани на Иран како никогаш досега
Сподели ја веста
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно му се закани на Иран со уште посилни напади, за кои вели дека ќе следат во вторник доколку не го отворат теснецот.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го уништи Иран во објава на социјалната мрежа „Trut Social“. Објавата беше полна со навредлива содржина, која ја заврши со необична порака: „Слава му на Алах“ .
Трамп на социјалната мрежа „Trut Social“ изјави дека пилотот на соборениот Ф-15 е пронајден „длабоко во планините на Иран“ и дека иранските сили се во близина.
– Вторник ќе биде Ден на електраната и Ден на мостот, сè во едно, во Иран. Нема да има ништо слично. Отворете го проклетиот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пекол, само гледајте – напиша Трамп и додаде на крајот „слава на Алах“ .
