Со други зборови

Ќерката на Чавков распали жестоко: „НЕ УМИРАМ ДУР НЕ ВЕ ВИДАМ ВО ЗАТВОР ЗА САЛФЕТКАТА“

Ќе ви го памтам вечно монструозниот чин на киднапирање на татко ми, кој за разлика од вас е господин човек, интелектуалец, почитуван и угледен човек кој падна во вашите крвави раце, напиша Зорица Чавкова, ќерка на Митко Чавков.

Нема да престане нашата борба и по 18-те години од пресудата, напиша Зорица Чавкова, ќерка на Митко Чавков, кој е осуден на 18 години затввор за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, за делото терористичко загрозување на уставниот поредок.

 

Нит имињата нит презимињата имам потреба да ги запишам, додава таа.

„Ќе ви го памтам вечно монструозниот чин на киднапирање на татко ми, кој за разлика од вас е господин човек, интелектуалец, почитуван и угледен човек кој падна во вашите крвави раце. ЗА СУДИИНЕ ШТО СУДЕА ВО ИМЕ НА ГРАЃАНИТЕ, ДОСТАВИВМЕ ДОКАЗИ ДЕКА НЕ ПОСЕДУВА ИМОТ ВО ГРЦИЈА, но за жал оценија дека основано е сомнението за опасност за бегство во ИЗМИСЛЕНАТА ВИЛА ШТО ЈА ПОСЕДУВАЛ ВО ГРЦИЈА? Ама слободно судиско уверување!? ДОТИЧНАВА НЕМАЛА ПОТРЕБА ДА СЕ ПРАВДА… во здрава држава, никогаш немаше да биде дел од правосудството! Ако остане ова неказнето, да се организира референдум за промена на име од северна, банана да ја крстиме“, објави Чавкова.

Во објавата таа сподели линк од натпис ден по  притварањето на Чавков, во кој поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека нема причина да се сомнева на наодите на Бирото за јавна безбедност за опасноста од бегство на Митко Чавков и додава дека нема потреба да се правдаат и дека Обвинителството постапуваат по известување од полицијата.

You might also like