Со други зборови

Заврши малограѓанштината на Заев! И Покрај тоа што не се некој фактор, Мицковски сепак ќе го прими Филипче во текот на утрешниот ден

 

Утре во 14 часот во Владата ќе има средба меѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и премиерот Христијан Мицкоски.

 

Филипче денеска ги истакна ги темите за кои смета дека треба да се разговара на лидерска средба на претседателите на политичките партии, рече дека најпрво треба да оствари тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски бидејќи, како што рече, тој прв подал рака и одговорил дека средбата е прифатлива.

Очекува во фокусот на средбата да бидат разговорите околу образованието, здравството, правосудството, заштитата на животната средина и партизацијата во институциите.

 

Додава дека трагедијата во Кочани ги освестила системските слабости и дека е крајно време сите политички чинители да почнат да работат заедно за доброто на државата.

 

Мицкоски изјави дека е подготвен да го прими на средба лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кое било време доколку навистина има план за подобрување на состојбите во државата и сака да помогне.

 

Премиерот смета дека е непристојно за ова да разговараат преку медиумите зашто, како што рече, ова е сериозна тема, а за сериозна тема се седнува и се разговара очи во очи.

You might also like