ШОК! АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО ЛИТВАНИЈА?! Исчезнаа вчера во близина на границата со СОЈУЗНИКОТ НА ПУТИН, се чека официјална потврда
Четворица американски војници кои исчезнаа вчера за време на воената вежба на НАТО во Литванија во близина на границата со Белорусија, наводно се пронајдени мртви.
Се очекува официјална потврда на оваа информација.
Тие исчезнаа во вторникот во нивното возило за време на обука во близина на границата со рускиот сојузник Белорусија .
Американската војска во Литванија Фото: EPA MARTIN DIVISEK
Локалните медиуми од Литванија јавуваат дека американски војници се пронајдени мртви, но властите се уште не ја потврдиле оваа информација ниту дали нивните тела се пронајдени.
Според извештаите, утврдена е и локацијата каде се случила несреќата.