
Веропулос: Скопје го поништи Преспанскиот договор, а не ние
Related Posts
Според него, проблемот на Грција не е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која на свечената заклетва не го користеше уставното име Република Северна Македонија, туку „како се учи историјата во Скопје“.
„Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција и го кажувавте тоа на протестите. Сега ја нарекувате Северна Македонија. Нашиот проблем не е претседателката на Скопје, проблемот е начинот на кој ја учат нивната историја, логиката со која самиот народ избира. Кого? Комитите. ВМРО е најлошото што би можело да го избере еден народ. Фашистичка и нацистичка партија, регуларна нацистичка партија“, рече Велопулос.
Тој ја критикуваше грчката Влада и повика „да ги донесе за ратификација трите меморандуми за сите партии да гласаат против, бидејќи, како што рече, „Скопје го поништил Преспанскиот договор, а не Грција“, пренесе МИА.