Ваков кум не би му посакале ниту на вашиот најголем непријател: Поради неговиот потег мрежите се запалија, луѓето со неверување дека им го уништил денот на младенците
Еден свадбен кум се понесол од атмосферата и ја шутнал тортата на младенците која паднала на подот
Снимка од свадба која се појави на TikTok налути многу корисници на споменатата социјална мрежа, а за се е одговорен кумот.
Имено, еден свадбен кум, веројатно понесен од атмосферата, решил моментот на сечењето на празничната торта да го одбележи не со духовит говор или песна, туку со „клоцање со нога“!
На младенците им го расипа најубавиот ден
Во видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, беше снимен моментот кога младенците ја сечеа тортата , а потоа кумот (за кој се верува дека е добар пријател со младоженецот) ја крена ногата и со сета сила ја тресна на подот. .
Невестата и нејзиниот кум биле видно запрепастени, додека кумот само ги фрлил рацете нагоре, очигледно горд на својот потег.
Ваков кум не би посакал ни во лудило
Ваквото однесување предизвика поплава од коментари на мрежите, а многу корисници не беа љубезни кон кумот и неговото однесување.
„А сега е фаца?“, „Ужас“, „Малку му беше преку глава“, „Немам зборови…, „Ова е најголемата сељачка што прошетала по Балканот“, беа само дел од коментарите.