Со други зборови

СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ БИЛЕ ПОТОМЦИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

  • Византиските документи јасно потврдуваат дека во времето пред и по раѓањето на светите браќа Кирил и Методиј, доминантно население во нивниот роден град Солун биле потомците на античките Македонци!
  • Зошто кај нас мнозина учени се плашат да го спомнат македонското етничко потекло на светите браќа?

Во овој текст ќе спомнеме неколку размислувања во врска со етничкото потекло на светите браќа Кирил и Методиј. Во нашата официјална историографија (училишни учебници и сл.) се учи дека по доаѓање­то на т.н. „Македонски Словени“ од нивната пра­татковина зад Карпатите, некои од нив се населиле во Солунско и, во сре­дината на 9 век, светите со­лун­ски браќа Константин (Кирил) и Методиј, ка­ко на туѓ народ, им пода­ри­ле азбука. Уште и се учеше дека нивниот татко Лав бил „Грк“, но дека нивната мајка Марија (најверојатно) била „Словенка“, па оттаму тие го знаеле словенскиот јазик. Навидум нема ништо чудно во сето ова и вак­­вата теорија се пре­несуваше и препишуваше низ генера­ци­ите исто­ри­­чари и публи­цисти, без некои посериозни и посеопфатни обиди за пре­ис­питување на иста­та. Но, доволно е оваа теорија да се проанализира во мал­ку по­ши­­рок кон­текст на настаните од тоа вре­ме за да се откријат неколку крупни нело­гич­ности во неа.

Да почнеме со таткото на Светите браќа по име Лав. За потеклото на светите браќа, во Жи­тието за Мето­диј, се вели:

„Од таткова и мајчина страна тој (Методиј)  не беше од прост род, туку од многу добар и чесен – познат прво на Бога и на царот и на целата Солунска област – како што се гледаше од неговиот телесен образ. Поради тоа и реторите го сакаа од детството, уште и зборуваа со почит кон него, до кога пак царот, штом научи за неговата бистрина, му даде да управува словенско кнежетво – би рекол како да предвидуваше дека ќе го испрати за учител на Словените и прв архиепископ, та да свикне со сите словенски обичаи и постепено да ги засака“.

 

Во Житието за Константин уште подецидно е определено потек­лото на светите солунски браќа. Овде читаме:

 

„…Во градот Солун имаше еден маж од благороден род и богат, по има Лав, којшто заземаше чин на друнгариј потстратег… Живеејќи со сво­јата жена изродија седум деца. Седмото, најмалото дете беше Констан­тин, наш учител и наставник.“

 

Од овие извадоци од „Панонските легенди“ сосема јасно се гледа дека Кон­­стантин и Методиј потекнувале од старо угледно солун­ско христијанско семејство, чиј тат­ко имал висок воен чин во Византија. Впрочем, Константин како дете се дру­жел исклучиво со децата на богатите солунчани, што исто така зборува за неговото градско солунско потекло.

 

Денес, некои македонски историчари сметаат дека таткото на светите браќа по име Лав бил етнички „Грк“ (!?), а така тврдат и историчари и публицисти од други држави. Дека ваквото твр­де­ње е бесмис­лено ќе докажеме во продолжение.

You might also like