НЕМА ВЕЌЕ ДА СЕ АЗДИСУВА КАКО ШТО ПРАВЕА СДСМ И ДУИ! КАРАКАМИШЕВА МУ ПРЕДЛАГА НА МИЦКОВСКИ УКИНУВАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВА И ПРАТЕНИЦИ
Related Posts
Мојата интегрална изјава дадена денес за “Слободен печат”:
-Секоја власт, откако ќе ја добие довербата од граѓаните на избори, има легитимно и демократско право својата изборна програма да ја преточи во владина програма.
Всушност, власта во демократските системи има обврска ветеното во изборната кампања да го реализира на најдобар можен начин, бидејќи само така ќе може да го одржи и потврди добиениот легитимитетот од граѓаните на избори.
Редно време е на македонската политичка сцена повеќе да зборуваме за политичка одговорност, иновативност, политичка отчетност и владина транспарентност, суштински карактеристики на власта кои извираат од освоениот мандат на изборите.
Мандатот на избори власта го добива од граѓаните врз основа на прифаќањето на понудените проекти и активности на избори. Оттука, секое реализирање на ветените проекти е предизвик, но и обврска на власта.