Со други зборови

На клоци има да летаат зајчето, филипчуле и нивните вазали од СДСМ! Се враќа големиот папа, Бранко Црвенковски води на сите анкети за претседателски кандидат од СДСМ

 

Како што дознава „Слободен печат“, досега во општинските организации на партијата се евидентирани актуелниот претседател Стево Пендаровски, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, министрите Славјанка Петровска и Оливер Спасовски, потоа Радмила Шекеринска, Ѓорѓи Спасов, Бранко Црвенковски, Сашо Орданоски, Маргарита Цаца Николовска, Зоран Заев, Венко Филипче и Јован Митревски, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ и иден претседател на Собранието кога ќе се формира техничката влада.

 

Од СДСМ брифираат дека сите имиња коишто ќе бидат евидентирани ќе бидат тестирани и преку анкети. Врз основа на анализите коишто ќе ги вклучат и резултатите од истражувањата на јавното мислење ќе биде донесена и финалната одлука.

 

Дознаваме дека СДСМ веќе тестира како стојат одредени кандидати меѓу граѓаните, а анкетите ќе продолжат да се спроведуваат. Интересно, меѓу имињата коишто се нашле на дел од внатрепартиските анкети кои ги прават социјалдемократите се и оние на Денко Малески и Ивон Величковски.

 

You might also like