Со други зборови

Британија на работ на војна со Русија – Потпиша договор за безбедносни гаранции со Украина

Велика Британија стана првата земја од Г7 која се согласи официјално да и вети безбедносни гаранции на Украина во екот на руско-украинскиот конфликт

 

Премиерот на Велика Британија Риши Сунак и претседателот на Украина Владимир Зеленски денеска официјално потпишаа договор за безбедносни гаранции за Киев, соопшти украинската редакција на „Европска правда“.

Како што е наведено, договорот ќе биде на сила до влезот на Украина во НАТО, а засега, како што информира УНИАН, потпишан е да трае најмногу 10 години, со тоа што доколку има потреба може да се продолжи.

На церемонијата на потпишување на документот, претседателот на Украина објави дека е склучен „нов, невиден договор за безбедност“ и посочи дека односите меѓу Лондон и Киев никогаш не биле на толку високо ниво.

 

„Денес е денот кога се промени историјата на Европа. Тој (договорот) не е само декларација, тоа е реалност, која ќе следи благодарение на нашата соработка, а конкретно, безбедносните гаранции од исклучителната глобална моќ на Велика Британија“, рече Зеленски, пренесува УНИАН.

 

„Ако таквите гаранции беа постигнати во 1991 година, особено со Велика Британија, војната немаше ни да започне“, додаде тој веднаш потоа.

 

„Посебно ценам дека Обединетото Кралство го поддржува влезот на Украина во НАТО и признава дека безбедноста на Украина е дел од целокупната евроатлантска безбедност. Токму затоа дадените гаранции ќе важат до нашиот влез во НАТО“, коментираше и Зеленски.

You might also like