ГРУЕВСКИ ДЕМАНТИРА ДЕКА ПРАТЕНИЦИ НА СДСМ БИЛЕ КАЈ НЕГО ДА БАРААТ ПОДРШКА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ВО ЗАМЕНА ЗА НЕГОВА АМНЕСТИЈА
Related Posts
Дознав дека деновиве на некој медиум имало изјава од поранешен заменик министер за локална самоуправа дека луѓе од СДСМ дошле кај мене во Будимпешта и барале подршка за двотретинско мнозинство за промени на уставот, во замена за прекин на политичкиот прогон, и дека јас тоа сум го одбил.
Ме известија и дека таа изјава станала вирална на социјалните мрежи.
Иако ваквите лажни вести и шпекулации најчесто ги игнорирам бидејќи од различен тип ги има скоро секој ден, со оглед дека многу мои пријатели ме прашуваат дали е тоа точно, информирам дека никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што.
Лажна вест!
Штета што во Македонија не се случува ништо паметно, сериозно и убаво што би било тема за јавна дискусија, па лажните вести често поврзани и со моето име, се главно мени во јавниот дискурс и таквите стануваат вест за која со денови се дискутира.