Во скандалозна изјава, Маричиќ потврди дека европско знаме е ставено на пет закони за Коридорот 8, со цел да се заобиколи легитимната борба на Левица преку парламентарните механизми. Го потсетуваме Маричиќ дека концептот на филибастеринг не е преседан, туку напротив – неговиот коалиционен партнер Џафери го воведе филибастерингот за да го блокира Законот за бранители. Но, тогаш никој не се дрзна на ваков насилнички начин, со вршење на кривично дело, да го заобиколи филибастерингот – што потврдува дека ова е најнасилничкиот режим во историјата на Македонија!