АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! Во србски учебник од 1871 се пишува за Македонија и македонците кои се староседелци на македонската територија
Во учебникот „Географија за средни училишта“ (Географија за средње школе), издаден од Драгашевиќ, прегледан и одобрен од комисија во Белград, а печатен во државната печатница во 1871 година, се внесени податоци за Македонија и Македонците коишто кон крајот на 19 и почетокот на 20 век исчезнуваат од учебниците на сите соседни земји.
Во делот Југоисточен полуостров (стр. 146), во поднасловот Историја е испишано: „Староседелци во овие земји, во древните времиња биле некои Словени, на кои не им се знаат имињата; можеби низ долгите времиња наназад многу и раштркани, тоа се денешните Македонци. Но како секаде во светот што бидува, дојденците да ја преземат власта од староседелците, така тоа и овдека било непрекинато низ вековите“.
Копија од учебникот е доставена до МНР од Амбасадата на Република Македонија во Белград. (с.с. Дипломатска Белешка 2007)


Related Posts
