Со други зборови

Свешеник бил во ќелијата на Вапцаров ноќта пред да го застрелаат, еве што му рекол славниот поет за Македонија: „Во сегашниот момент немам што друго да кажам, освен да оставам завет, дека макар и без секаква вина, заминувам со полно сознание дека го давам својот живот за моето верују.“

May be an image of 1 person

ИСПОВЕДТА НА ВАПЦАРОВ ПРЕД ДА БИДЕ СТРЕЛАН
Пред да биде стрелан од бугарските фашисти, Вапцаров бил исповедан од неговиот пријател и духовен отец Иван Шивачев, кој бил свештеник во Разлог, и од претходно ги познавал осудените на смрт Никола Вапцаров и Антон Попов.
Отецот Иван Шивачев го запознал Вапцаров преку Димитар Молеров, македонски писател и фолкорист од Банско, Пиринска Македонија, кој му го претставил младиот Вапцаров и му кажал дека ќе стане голем поет.
Потоа Вапцаров и Попов во периодот 1926-1928 имале повеќе средби и духовни разговори со свештеникот во Разлог и Банско.
На последната средба, 19 август 1928 година, Вапцаров му ја предава песната „Скица“, посветена на неговиот духовен отец Иван Шивачев, со посвета „За спомен на мојот добар пријател Иван Николов (Шивачев)“.
По игра на судбината, отецот Шивачев во 1937 се сели од Разлог и станува свештеник во Софискиот гарнизон, каде 6 години подоцна, на стрелање ќе бидат донесени македонските револуционери Вапцаров и Попов.
Штом дознал дека Вапцаров и Попов се осудени на смрт, Шивачев веднаш напишал писмо- молба до бугарскиот цар и побарал двајцата македонски револуционери да бидат помилувани, и молбата му ја предал на аѓутантот на царот на рака, барајќи да му ја даде директно на царот.
Неговото писмо-молба останало без одговор.
Пред да бидат стрелани во затворот во Софија, Иван Шивачев прво го венчава Антон Попов со неговата вереница Росица, а потоа го исповеда Вапцаров.
Во своите необјавени мемоари, отец Шивачев ги пренесува и последните зборови на Вапцаров при неговата исповед: „Во сегашниот момент немам што друго да кажам, освен да оставам завет, дека макар и без секаква вина, заминувам со полно сознание дека го давам својот живот за моето верују.“
Потоа Шивачев пишува – „Се поздравивме со силен стисок на рацете, и Вапцаров отстапи и се оддалечи. Тоа многу ме погоди. Две едри капки ми потекоа од очите и се стркалаа по лицето, кое се беше изменило пред ужасот на злосторството кое требаше да се случи“.
„Се надевав и со голема увереност очекував дека во последен момент ќе дојде некаква радосна вест за помилување на осудените. Очите ми го бараа човекот кој ќе ја донесе таа вест, но неа ја немаше.“
Последната фотографија на Вапцаров во софискиот затвор, 1943.
🇲🇰🇲🇰🇲🇰ВМ 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
May be an image of 1 person
You might also like