Со други зборови

8 години раководеше СДСМ, системот на најсуров можен начин им ги одзеде животите на нашите сограѓани, горејќи ги живи никој не излеззе на протест, по 8 години одредени поединци се разбудија

Во изминатите 8 години, додека со владата раководеше СДСМ, системот на најсуров можен начин им ги одзеде животите на нашите сограѓани, горејќи ги живи.
Не разбирам зошто тогаш никој не сметаше дека е потребно да се излезе на протест, иако беше откриено дека сите тие трагични случаи се резултат на неправилности и корумпираниот систем.
Или можеби требаше СДСМ да си замине од власт за некои поединци, кои синоќа ги гледав на чело на протестот како организатори, конечно да се разбудат?
Овој систем остана ист, не се промени ни со СДСМ, ниту ќе се промени со ВМРО.
Само профитерите што ја злоупотребуваат искрноста и револтот на граѓаните се вратија по осум години на сцена.
You might also like