МАРКОСКИ: БИТОЛА ЌЕ ГО ДОБИЕ НАЈУБАВИОТ СТУДЕНТСКИ ДОМ НА БАЛКАНОТ!

БИТОЛА ЌЕ ГО ДОБИЕ НАЈУБАВИОТ СТУДЕНТСКИ ДОМ НА БАЛКАНОТ! Воената болница ќе се трансформира во современа студентска палата.
Битола се подготвува да го добие еден од најубавите и најуникатните студентски домови на Балканот! Објектот кој со векови е нем сведок на историјата, конечно ќе блесне во својот полн сјај.
Како дел од стратешкиот проект на Министерството за образование и наука (МОН) за енергетско ефикасни студентски домови, започнуваме со целосна трансформација на нашиот павиљонски комплекс.
Местото каде некогаш се лекувал Мустафа Кемал Ататурк каде работел еден од најголемите рендгенолози во Европа Рифат Осман, комплексот кој ги преживеал Илинденското востание, Балканските војни и двете Светски војни, каде илјадници војници кои низ децениите барале спас во оваа некогашна воена болница, станува современ простор за оние кои се иднината на нашата земја студентите.
Следејки ги насоките од МОН постепено се подготвуваме за проектот кој ќе опфати:
• Енергетска ефикасност: Изработка на нова термо-фасада, замена на кровната конструкција и прозорците.
• Модерен ентериер: Комплетно опремување на собите, вклучително и за студенти со атипичен развој.
• Целосна инфраструктура: Нови системи за греење, водоводна, канализациона и електрична инсталација со LED осветлување.
• Санитарен и кујнски стандард: Нови санитарни услови и комплетно реновирана кујна по строгите HACCP стандарди.
Иако павиљонскиот пристап е специфичен и оваа градба која е заштитена како историско-културно наследство бара посебно внимание, токму тоа е причината што овој дом ќе биде уникатен и со најубав амбиент во градот.
Битола конечно го добива она што одамна го заслужи.
Продолжуваме со силно темпо!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа