Рано наутро околу два и три часот, во главниот град на Венецуела – Каракас одекнаа неколку експлозии, а жителите беа сведоци на летот на авиони и хеликоптери над градот.
Американските сили го нападнаа главниот град на Венецуела рано утрово во саботата. Облак од чад, звуци од авиони и гласни детонации беа видени и слушнати во Каракас. Јужниот дел од градот, во близина на голема воена база, остана без електрична енергија.
За време на нападот беа погодени клучни стратешки точки на венецуелската армија, а нападот беше извршен во соработка со авиони и борбени хеликоптери. Целта на сето ова беше заробување на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Тој и неговата сопруга беа киднапирани од американската елитна единица Делта Форс и двајцата беа насилно изнесени од земјата.
Потоа беше објавена фотографија од киднапираниот Мадуро, на која околу него се гледаат припадници на елитната американска единица Делта Форс. Веста за заробувањето на Мадуро триумфално ја објави Доналд Трамп и им честиташе на американските сили за „брилијантната операција“.