По одложувањето на самитот на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта , министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, ја потсети светската јавност дека предлогот за Белград како место за мировни преговори е сè уште отворен. Во интервју за „Фокс њуз диџитал“, Ѓуриќ изјави дека Белград е подготвен да биде домаќин на мировни преговори меѓу Украина и Русија .

Пријателски односи

– Србија е исто така меѓу земјите кои ги нудат своите добри услуги, имајќи ја предвид нашата позадина, имајќи го предвид фактот дека сме пријатели со сите вклучени страни, да се обидеме и, доколку е потребно или ако постои интерес, да бидеме домаќини на какви било разговори за тоа како да се стави крај на оваа ужасна трагедија, која резултираше со толку многу смртни случаи и толку многу уништување – рече Ѓуриќ и нагласи дека Србија во принцип го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на сите земји во согласност со нивните граници на ОН, вклучително и Украина.

17.jpg
Извор: Курир рс