Еден од најжестоките руски напади над Киев, пиштат сирени викаат луѓе…..
Руските сили извршија повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, таргетирајќи станбени области и цивилна инфраструктура. Нападите предизвикаа пожари во неколку делови од Киев, соопштија локалните власти.
Нападот се случува помалку од 12 часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Според градските власти, најмалку 13 локации низ главниот град биле погодени, при што најмалку 19 лица биле повредени, а 14 биле хоспитализирани.
Шефот на градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, рече дека пожари избувнале низ целиот град и ги предупреди жителите да ги затворат прозорците поради „опасни производи од согорување“ во воздухот. „Русија, терористичка држава, остави пустош по себе“, рече Ткаченко на Телеграм. „Русите не носат ништо друго освен терор и убиства. Тоа е факт.“
Новинарите на „Киев Индепендент“ објавија дека експлозиите во Киев почнале околу 22 часот по локално време, и траеја до раните утрински часови. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија испалила балистичка ракета кон Киев околу 00:30 часот, по што следеле уште неколку околу 02:30 часот.