Шокантно сведоштво од 1912! „ДОМА МИ ВЕЛЕА ОТИ СУМ МАКЕДОНЕЦ, БУГАРСКИТЕ УЧИТЕЛИ МЕ ПРЕТВОРИЈА ВО ’БУГАРИН‘!“ – 1912 г.

„ДОМА МИ ВЕЛЕА ОТИ СУМ МАКЕДОНЕЦ, БУГАРСКИТЕ УЧИТЕЛИ МЕ ПРЕТВОРИЈА ВО ’БУГАРИН‘!“ – 1912 г.
Димитар Ризов е Македонец, бугарски политичар од македонско етничко потекло, кој се ставил во служба на големодржавната доктрина Бугаризам. Во еден разговор со Хрватот Иван Мештровиќ, во 1912 г., Ризов открива како од Македонец се претворил во „Бугарин“. Разговорот го пренесува самиот Мештровиќ во своите „спомени“.
– „Мене, како Хрват… (Ризов) ми објаснуваше, говорејќи ја објективната вистина, дека Македонците не се ни Бугари, ниту Срби, туку Македонски Словени кои говорат свој посебен, македонски јазик“, пишува Мештровиќ.
Натаму и Хрватот сведочи како и српските и бугарските учители ги индоктринирале и ги мамеле младите ученици Хрвати, Македонци, Бошњаци итн. А пак, Ризов му рекол:
– „Дома ми велеа оти сум Македонец… Македонски христијанин… Македонски Словен… А, бугарските учители ме направија ’бугарин‘! …Во Софија, на Вишата школа… Ние велиме дека сме Македонци, тие велат – Бугари. Ете, така јас се претворив во ‘бугарин’.“
Недодавајќи никакво објаснение, ова признание на Ризов најјасно ја разбива цела бугарска великодржавна и шовинистичка пропаганда.
Иван Мештровиќ е Хрват, ликовен уметник, писател, мемоарист; анти-комунист и дисидент кој никогаш не живеел во СФР Југославија. Во 1954., претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер лично учествува во свеченото доделување на американското државјанство на светски познатиот уметник. Мештровиќ ги објавил „спомените“ во Буенос Аирес, Аргентина, 1961 г.
ЛИТЕРАТУРА: Ivan Meštrović – „Uspomene na političke ljude i dogadjaje“, Буенос Аирес, 1961, стр. 30 – 31. ——-/
Сите реакции:

Stevce Ristovski, Славко Санев и 74 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа