СПОДЕЛЕТЕ ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ! Македонците ширум светот збираат потписи за враќање на името Македонија

Македонската дијаспора во Европа започнува петиција за враќање на уставното име „Македонија“ и раскинување на Преспанскиот договор

 

Координативното тело на Македонците во Европа и светот иницираше петиција со која се бара враќање на уставното име „Македонија“ и раскинување на Преспанскиот договор од 2018 година. Петицијата, поддржана од бројни македонски организации низ Европа, Австралија и Канада, ја изразува загриженоста на дијаспората за последиците од договорот врз македонскиот идентитет и културно наследство.

 

Во соопштението на иницијаторите се наведува дека Преспанскиот договор претставува „корен на обезличување на Македонците“, со губење на името, идентитетот, историјата и нацијата. Договорот, според нив, прекршува меѓународното јавно право и универзално признаените човекови права. Додавката „Северна“ се смета за идентификациски модификатор кој недозволено го менува суверениот национален идентитет и ја погазува волјата на македонскиот народ, изразена преку референдумот од 2018 година.

 

„И ние Македонците имаме право на идентитет и љубов кон нашето име и нашата нација. Раскинувањето на Преспанскиот договор е борба не само за нашето име туку и за нашето идентитетско и културно опстојување“, се вели во петицијата.

 

Петицијата е поддржана од следните организации:

Координативно тело на Македонците во Европа и светот (Женева)

Светски македонски конгрес – Обединето Кралство

Светски македонски конгрес – Канада

Совет на македонските општини – Австралија

Македонска радио програма ЗЗЗ – Мелбурн

Обединети Македонци – Канада

Македонска заедница – Обединето Кралство

Здружение „Цар Самоил“ – Белгија

Македонско-финско здружение – Финска

МКД „Пијанец“ – Швајцарија

МД „Македонија Ешалан“ – Швајцарија

„МК Пирок“ – Швајцарија

Асоцијација Француско-македонска средба – Рефрама, Швајцарија.

 

Преспанскиот договор, потпишан на 17 јуни 2018 година, го реши долгогодишниот спор за името помеѓу Македонија и Грција, со што Република Македонија се преименуваше во Република Северна Македонија. Договорот беше услов за членство во НАТО и напредок кон ЕУ, но предизвика поделени мислења во македонското општество.

 

Иницијаторите на петицијата повикуваат на меѓународна поддршка за нивната кауза, истакнувајќи дека правото на самоопределување и зачувување на националниот идентитет се основни човекови права.

 

За повеќе информации и поддршка на петицијата, заинтересираните можат да се обратат до Координативното тело на Македонците во Европа и светот.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа