(Видео) Страшно сведоштво на родител! Некои од децата во Кочани починале во Болница затоа што не им дале кислород! Полицијата им ја затворила вратата. Родителите на загинатите низ солзи раскажуваат за кобната ноќ
Мојата ќерка беше жива, почина во болница, маж ми ја најде покриена со ќебе, легната на страна. Не ѝ е дадено кислород! – вели единствената жена пожарникар во Кочани, која е мајка на починатата Ивона.
– Кога ми се слоши немаше кислород, кога дознав дека ми е почината ќерката, вели мајката.
Родителите на децата велат којзнае дали им е даден кислород, фудбалерот Андреј Лазаров бил свесен и седел на клупа кога стасал во болницата, по што паднал и починал. Неговата мајка вели не знае дали воопшто некој му дал кислород.
– Им ја држеле вратата затворена, да не излезат децата, велат родителите на денешниот протестен марш во Кочани.