Видео) „И Врапчињата знаат дека има огромен синџир на дрога и корупција во Кочани!“ Кој ги штити криминалците, прашуваат родителите на загинатите
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на дрога и корупција во Кочани, вели мајка на загинато дете во трагедијата во Кочани.
– Кој ги штити? Дај пресечете го тој синџир! – вели мајката низ солзи.
– Инспектори одат по фабрики, излегуваат со полни торби, не ручени, не друго, еден има што не им дава мито и на него цело време му пишуваат казни, вели мајката.
Родителите прашуваат зошто сите се пуштени од притвор речиси сите осомничени.
– Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански на времето а што се бореле? За да живее овој народ. Ние ќе се бориме за нашите деца, вели ужалената мајка.