ЗОШТО БЕШЕ ПРИФАТЕНО ФОРМИРАЊЕ НА СЈО?
СО КОИ МЕТОДИ ЗАЕВ ЛИЧНО ГИ РАКОВОДЕШЕ АКТИВНОСТИТЕ НА СЈО?
(Павле Трајанов, Зоран Заев, Мартин Протогер…)
Пред малку дознав од еден пријател дека пред неколку дена Павле Трајанов на некој поткаст кажал дека Зоран Заев ја правел селекцијата на СЈО кој да биде прогонуван и за што.
Тој исто така кажал дека сум погрешил што сум прифатил пржински договор и формирање на СЈО.
1. Првата негова поента за дефакто водењето на СЈО (и судот) од страна на Заев е веќе добро познато и јавноста. Граѓаните и политичарите се веќе одамна запознаени со тој факт и тоа е вистина. Сепак, јавното сведочење и потврда за тоа на Павле Трајанов, како тогашен коалиционен партнер на Заев и државен функционер во таа влада, дава одредена дополнителна тежина на овие одамна познати работи.
Не само тоа. Заев како марионетски поставен премиер во тоа време од 31 мај 2017, по превртот во државата направен во тоа време главно со подршка од надворешни фактори, иако надгледуван, имаше делегирано голема моќ и одврзани раце од оние кои го донесоа на таа позиција, па освен кој и за што да се гони и да се прогласи виновен, тој ги одредуваше и годините затвор кои обвинителството требаше да ги побара, а судијата требаше некому да ги додели, темпото на судење во моменти кога му се брзаше за некој случај и прогонета личност, кој и кога да влезе и излезе од притвор и слично.
Кај некои од жртвите на политичкиот прогон тој имаше една неверојатно шизофрена улога. Најпрвин по негова директна инструкција се притвораа некои од нив, па потоа кога блиските на истите по разни канали бараа спас да ги извлечат од мизерните услови во незаслужениот притвор, тој беше “добриот што треба да му се памети добрината” кој ги примаше, сослушуваше, “сочуствуваше” и кој по долги молења и разговори ги ослободуваше. И не го криеше во разговорите тоа. Сето ова го знам од прва рака од луѓето кои од мака и безизлез се среќавале со него.
Но, во сите такви случаи лично и директно на најголем дел од нив тој поставуваше услов, што е еден вид уцена, притворените за возврат да дадат (невистинита) изјава во обвинителството и во судот против Никола Груевски и со тоа практично да станат негови соработници. Некој прифатил, некој не. Тоа се моменти кога н вистински тест се крактерите на луѓето. Нема посовршен тест од тоа.
Имаше и такви кои си одеа на превентивен разговор кај Заев, кога уште не се во притвор, а проценуваат дека може да се на неговата листа.
Дел од нив толку често, што умилкувајку му се, се спријателија со него и дури совети му даваа, па имаше такви на кои тој за противуслуга им бараше не само да дадат изјава против мене во обвинителството, туку да пробаат да ги убедат сите други обвинети во случаите каде бев јас, да дадат инкриминирачки изјави против мене.
Некогаш таквите брања ги испорачуваа други високи функционери овластени од него. Се сеќавате на аудио снимката на Ден Дончев, тогаш директор на ФЗОМ кога на согооврникот му раскажува како извршил притисок на еден министер од мојата влада условувајќи го за да нема лични проблеми, да даде изјава против мене: “Се согласи да даде лоша изјава против Груевски”, годо поентираше Ден Дончев, соселанин на Заев и мешетар кој промени повеќе партии и политички структури, кого потоа на видео го видовме како во кеш ја собира нагрдата за својот труд за “нацијата”.
Во некои случаи Заев директно или преку посредници им бараше изнудени признанија односно признавање на непостоечка вина, за не сторени работи, со ветено доделување само условна осуда (што значи нема да биде ставен во затвор), а со цел да ми наштетат на мене и на другите во постапката и со тоа да ги зајакнат позициите на обвинителството, бидејќи немаа никакви сериозни позиции односно докази, и така да си ја купат неговата милост, како неформален врховен одлучувач во одредување на обвиненијата, пресудите и притворите, но и карирените унапредувања или разрешувањата на судиите и обвинителите. СЈО само послушно следеше насоки, дел од нив преку шефицата на СЈО која самата потоа заврши во затвор, а дел од нив директно комуницираа со него и се фалеа со пораките од Премиерот пред други луѓе.
Како и да е обвинителството и судот имаа проблем. Поминаа година-две одкако веќе бев заминал од Македонија, судењата одамна течеа, некои и од почеток се повторуваа, а тие немаа елементарен доказ против мене и против најголем дел од обвинетите, или каков и да е сведок што нешто ќе каже во корист на лажните обвиненија.
Се им се потпираше само на силн медиумската пропагандна подршка и контрола на правосудниот систем. Моќта произлегуваше освен од самата функција, и од подршката од надвор, што за тие обвинители и судии беше најголемиот “доказ” за некого да осудат. За да биде сликата појасна, надзорник на пониско ниво од една надворешниот фактор го обиколување судот повремено, обвинителите одеа во неговите канцеларии на сослушување. Подоцна слушнавме дека “надѕорникот” преминал во приватниот сектор, но претпоставувам го заменил некој друг.
А докази и сведоци не само што нема, дури напротив, најголем дел и од сведоците предложени од СЈО даваа изјави во моја полза и во полза на другите жртви во процесите.
Тоа му создаваше не спокој на Заев, и покрај тоа што беше свесен дека каква и казна да одреди тој, обвинителството и судот на сите инстанци ќе прифатат беспоговорно.
Неколкумина меѓу кои и мојот поранешен шеф на кабинет Мартин Протоѓер, за кој сега се зборува дека наводно се подготвувал да биде дипломатски придружник во една држава, поранешниот заменик министер за правда Билјана Бошковска Бришковска, но и неколку други, мошне ревносно и активно се посветија на таа дејност на директна и превентивна комуникација и умилкување на Заев, со цел да не ги стави Заев во затвор и посветено и секојдневно работеа одејќи од обвинет до обвинет, убедувајќи ги да ја истргуваат нивната сигурна слобода со калемење вина на мене. “Така ние ќе се спасиме, а Груевски и онака нема никогаш да се врати”, ги убедуваше преплашените обвинети сеуште “авторитетниот” Протуѓер заради позицијата која му ја бев доделил во минатото.
Нема врска што и тие, и убедувачите и убедуваните, немаа некоја вина за што ги судеа во тие политички нарачани хајки. На сите им беше јасно дека не е важно дали си крив или не си крив, ако си на листата за отстрел на Заев. Такво време беше тоа, бидејќи како што кажал Павле Трајанов, Заев лично неформално управуваше со обвинителството и судот, а и сега според информациите сеуште има големо влијание.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?