Слушајте ги вестите.03:36

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров им се обрати на новинарите по повеќечасовните преговори меѓу руската и американската делегација во Ријад.

Преговори меѓу САД и Русија во Ријад  Фото: ЕПА Руското Министерство за надворешни работи Прес, АП Евелин Хокштајн, АП Бараа Анвер

 

Покрај Лавров, на средбата присуствуваа и помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, како и американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник на Трамп Стив Виткоф и советникот за национална безбедност Мајк Волц.

Средбата траеше повеќе од четири часа, а меѓу последните зборуваше Лавров кој рече дека разговорите со американските претставници биле „многу корисни“.

Лавров рече дека има причина да се верува дека американската страна почнала подобро да ја слуша позицијата на Москва.

„Разговорот, верувам, беше многу корисен. Не само што се слушавме, туку и се слушнавме. Имам причина да верувам дека американската страна почна подобро да ја разбира нашата позиција“, изјави Лавров на новинарите по руско-американските разговори во Ријад.